|
Ајде Дома е единствената Македонска емисија за уредување „во живо“ За прв пат почна да се емитува пред 4 години. Годинава Ајде Дома ќе ја прослави својата 100 емисија.
А вие, Секоја недела во 16:20, повторно ѕиркајте во туѓите домови и видете што нашиот тим архитекти, производители и изведувачи може да направи за исклучително кус рок! Интервенциите се различни – од местење на соба, до целосно демолирање на становите за тие да блезнат со нов сјај во убав дом.
Дизајните на Ајде Дома се подготвуваат во студиото В дизајн Ајде Дома. Тимот е составен од млади и искусни архитекти во чија организација се изведуваат станови и станбени и други објекти во и вон емисијата.
|