|
Ивана Николовска е главниот архитект и водител на емисијата.
Ја запознавте во уште во првиот серијал како дизајнер со исклучителен и позитивен карактер, а ја помните по стомакот што до осмиот месец од нејзината бременост смело го носеше додека ревносно ги уредуваше просторите во емисијата
Таа припаѓа на семејство на врвни архитекти, градежници музичари и лекари.
Во својот работен век работела во различни области – во маркетинг агенција како креативен директор, во INAQVA како маркетинг менаџер и дизајнер.
Беше продуцент на неколку познати шоуа каоко што се: квизот „Кој сака да биде Милионер?“, „Рафинерија“, „Времето“ и се разбира сеуште работи на – „Ајде Дома“
Со почетокот на студиите постојано работи или помага во успешната семејна проектантска фирма ВДизајн-Ајде Дома. Ова студио е и официјалното студио задолжено за изработка на ентериерите во емисијата.
|