Почетна Архитектура Во светот на Дон Кихот

Alternative flash content

To view this Flash you need Javascript on your browser and updated version of flash player.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во светот на Дон Кихот

 

Загледани во идните технологии, Норвежаните имаат интересно и за некого помалку бизарно решение како да ја искористат силата на ветрот за што имаат најдобри услови во светот. Тие планираат изградба на град на ветерници на крајбрежието на Ставангер каде ќе може буквално да се живее. Замислете како би било кога Дон Кихот би живеел сега и би ги видел овие модерни џинови! Оваа футуристичка идеја предвидува златна ера во поглед на извозот на енергија што се обновува, но дали навистина би можело да се живее на овие пловечки острови среде бучава? Како и да е уживајте во овој скандинавски дизајн бидејќи илузијата на Дон Кихот за живите ветерници можеби ќе стане реалност.

 

Идејата за градот на ветерници предвидува повеќе засебни објекти во облик на крст чиј 
постамент се проширува и добива форма на круг или квадрат. Во нивната внатрешност може да биде сместен хотел или живеалиште од каде се ужива во поглед на водениот бескрај.

 

Со качување со помош на лифт низ многуте катови на овој објект можете да се почувствувате како да се наоѓате во Ајфеловата кула, овојпат со огромен трговски центар на приземје. Ова е шопинг во скандинавски стил.

 

Престојот во оваа куќа - воденица на вода наликува како да се наоѓате во бродски хотел, па  така чувството на необичност го надополнува и чувството на луксуз.

 

Во почетоците персиските ветерници се на вертикална оска, Европската традиција познава  ветерници на хоринзонтална оска. Денес, покрај нивната основна функција за добивање енергија, тие можат да прераснат во вистински сајбер простор за живеење.