|
Чист воздух, чиста околина, здрави продукти, среден живот, дарежлив социјален систем, па не е ни чудо што просечниот животен век на жените е 83 години, а на мажите 78 години - еден од највисоките во светот. Затоа во промотивните материјали за оваа скандинавска земја со право пишува "Шведска: големата мала земја".
Еве како Швеѓаните успеваат и својот животен простор да го „прилагодат“ со посебни еколошки градежни материјали кои, како и зеленилото, за кое се внимавало да биде по сите стандарди, водата која тече постојано да се прочистува, потоа, посебниот режим за канализација, оптимално користење на енергијата, подземен систем за собирање на ѓубрето и негово транспортирање до фабрика каде што се преработува во електрична или топлинска енергија, минимална бучава, одличен транспорт... ја прават идеална земја за живеење!












|