Почетна Урбанизам Скопски сновиденија бр.1

Alternative flash content

To view this Flash you need Javascript on your browser and updated version of flash player.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопски сновиденија бр.1

 

Во близина на католичката Црква во Капиштец , на пресечка - паралелна на улицата 29ти ноември, се раѓа нов Скопски урбанистички бисер.

 

од ул Митрополит Гологанов ако сакате да кршнете по кратенката накај Архитектонскиот факултет, треба да минете низ овој подмин.

..за да ви се испречи ....ЗГРАДА ..на најнеочекуваното место...

можеби соседната зграда ќе ви се види преблизу...

но инвеститорот кој дал пари за да го гради ова и  урбанистите, кои ја издаеле дозволата за градба, сигурно нема да се сложат со вас.

Мислењето на соседите , т.н. балкон-капиџи на оваа зграда ни е непознато, веројатно се благодарни што новата зграда ќе ги куртули од пеколното сонце наутро и вревата на големиот град, полесно бегство преку балконот на соседната зграда кога ќе дојде полиција во 3.30 наутро...

..добро, не е се совршено, како што може да изгледа некому на прв поглед - нема законски неопходна табла на која ќе пишува кој е инвеститор и број на градежната дозвола...

..но тоа нема да го спречи да стане ново обележје на Скопје, последица на Македонската ингениозност и луцидност.

Се надеваме дека туристичкиот сојуз на Скопје и Македонија - нема да го изостават овој монументален објект од обиколките на странски туристи , како би се запознале со вистинскиот народен гениј.