Фудбалски стадион, повеќенаменска спортска сала и голем шопинг-центар, покриени со вештачки пејзаж налик на парк за рекреација.
Сево ова ќе биде дел од новата спортска арена “Стожице” која од март почне да се гради во Љубљана. Арената има површина од 182.000 квадратни метри и место за 12.500 гледачи, и претставува хибриден проект. Стадионот на НК Олимпија пак ќе биде со капацитет од 18.000 гледачи. Неговата реализација е резултат на јавно-приватното партнерство меѓу Градот Љубљана и компанијата “Греп девелопмент”. Целиот комплекс треба да биде изграден до 30 јуни 2010 година.