Почетна Урбанизам Неговото Височество - Контејнерот

Alternative flash content

To view this Flash you need Javascript on your browser and updated version of flash player.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Неговото Височество - Контејнерот

Секој странец кој завршува со посетата на нашата мила земја, најчесто си заминува со убави впечатоци, но и застрашен од нашиот однос кон отпадот поточно ѓубрето. Со тоа не поттикнува да размислуваме на оваа ептен секојдневна тема.

Од страна на институциите надлежни за оваа работа, како чекор напред за подигање на eko-свеста, обезбедени се канти за селекција на отпад за македонските градови од кои 4800 канти во неколку бои се само за Скопје, сепак...

Нашите градови се уште изгледаат вака ... Koнтејнерите се главниот украс на нашите улици, небаре се најважното нешто на светот, Сообраќај? Пешаци? Естетика? Ништо не е тоа во споредба со комфорот на господата ѓубреџии, најважно е контејнериоте НИМ да им се при рака. А и да имаат странците по некој спомен да понесат дома: Да знаете само во Македонија какое - КОНТЕЈНЕРИТЕ ИМ СЕ НА УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ, а не како кај нас сокриени, и настрана!

За пластиката ај некако се размислува, ќе стигне да се рециклира, иако оваа отворена форма на кафез не е баш најпривлечна...поинаку е кога...

Контејнерите и кантите се заклучени во затворен простор, ем се спастрени, ем не мириса на километар, нема диви депонии, за микроорганизми да не зборуваме.

 

Така и со соседите од зграда ќе се комуницира со арно. Не е среде улица, не пречи никому, а е сепак достапно за господата ѓубреџии. Со едeн клуч за влезот од зградата и 
просторијата, само вие и тие ќе ја користите оваа просторија за отпад која може да биде изработена од метал или водотпорно дрво. Нема влегување животни како во контејнерите со отворени или без капаци, ниту растурање на ѓубрето.

 

Кантите за селекција за почеток се супер, само да станат видливи. И ако градежните работници во новите урбанистички планови на нашата земја размислуваат и за оваков простор во рамки на зградите или куќите, новата слика на македонските градови ќе го смени и трендот на живеење - за нијанса што значи.Освен задоволството дека не не труе смрдеа на секој тротоар, пречи на комуникацијата, визуелно контаминира, тогаш и заедничката прошетка со странците низ нашите улици ќе биде побезболна.